Пронајдени човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ при ископ со багер

По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло, велат од МВР.

од Бисера Трајковска
105 прегледи

Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба, соопштија од МВР.

Од МВР потенцираат дека пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта.

-По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.