Пронајдени и одземени 2403 парчиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки во Куманово

од Milan1
81 прегледи

Вчера, на 08.02.2025. СВР Куманово заедно со ДПИ и Царинската управа изврши контрола во 10 продажни објекти за текстил и обувки во кумановското подрачје. Акцијата е спроведена по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки.

Полицијата пронајде и одзеде вкупно 2403 парчиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки. Изготвени се записници за констатирана состојба.

Слични содржини