Вчера во во 15.30 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.М.(55) од с.Богородица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.