Пронајдени се остатоците од цивилниот хеликоптер Ми-8 кој вчера исчезна на крајниот исток на Камчатка во Русија, додека во него имало 22 лица, а руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека се пронајдени телата на 17 лица и дека спасувачите ја продолжуваат потрагата по преостанатите патници.
„Се претпоставува дека сите се мртви“, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, цитирајќи го Министерството за вонредни ситуации, додавајќи дека хеликоптерот најверојатно се урнал поради слаба видливост при лоши временски услови.
„Од воздух се откриени остатоците од претходно исчезнатиот хеликоптер. Тој се наоѓа на надморска височина од 900 метри во близина на местото каде што последен пат бил контактиран“, соопшти Министерството за вонредни состојби на Телеграм.
Хеликоптерот Ми-8 полетал во саботата во близина на вулканот Вачкажец во регионот Камчатка, но не стигнал до својата дестинација како што било планирано, објави претходно руската Федерална агенција за воздушен транспорт.
Соопштено е дека се верува дека во хеликоптерот имало 19 патници и тројца членови на екипажот.