Три жени биле пронајдени починати во текот на вчерашниот ден. Два случаи се во Аеродром, а еден во скопско Средно Коњари.
Полицијата во 21 часот добила пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината М.А.(61), а лекар констатирал смрт.
Во 13.06 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во службени простории на здружение, на подрачјето на општина Аеродром, на Ѓ.А.(76) од Велес и се слошило и починала. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа во с.Средно Коњари, скопско, каде престојувала, била пронајдена почината В.Ц.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Телата на трите жени се предадени на обдукција, а екипи на полицијата извршиле увид.