283
Полициски службеници од полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „зброевка” калибар 7,65 милиметри, еден сигнален пиштол „гмаа”, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.
Од МВР денеска информираа дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.