Просечната бруто плата во Шпанија се искачи над 2.000 евра

од Milan1
323 прегледи

За првпат просечната бруто плата во Шпанија се искачи над 2.000 евра. Тоа го покажуваат податоците на Националниот статистички институт на државата.

Јазот во платите меѓу мажите и жените се намали за повеќе од 10 отсто во 2020 година и се уште е повеќе од 358 евра, што значи дека жените во просек заработуваат 16 отсто помалку од мажите. Просечната плата за мажи е 2.210 евра, а за жени – 1.851 евро.

Според статистичарите, една од главните причини за оваа разлика е тоа што „жените често работат со скратено работно време, со привремени договори и на пониско платени позиции“.

Другиот заклучок е дека колку работниците се постари и подобро образовани, толку им е поголема платата – 61 отсто од вработените до 25 години имаат месечна плата под 1.336 евра, додека за 24 отсто од лицата постари од 55 години таа е 2.295 евра.

Најниски плати има во хотелиерството и услугите, а највисоки се во финансискиот и осигурителниот сектор и во областа на образованието

Слични содржини