Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир

од Илинка Илиоска
26 прегледи

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска  имаше проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области, соопшти Министерството за европски прашања.

Министерот Муртезани, како што се посочува во соопштението, го уверил амбасадорот Гир дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на   потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество).

Министерот Муртезани на амбасадорот Гир му посакал успех во неговата понатамошна кариера.

Слични содржини