256
Голем број возачи на камиони во САД кои се против воведените антиковид мерки возеа два круга на обиколницата во Вашингтон, намерно движејќи се бавно за да го забават сообраќајот и да го привлечат вниманието на американските конгресмени во Капитол Хил.
На надвозниците се собраа луѓе кои го поздравуваа „народниот конвој” и носеа транспаренти и американски знамиња.
Протестниот конвој на автопатот Хагерстаун следеше по слични протести на возачи на камиони во Канада поради обврската да се вакцинираат за да ја преминат границата.
Весникот „Вашингтон пост” пишува дека организаторите имаат намера следната недела да организираат протести секој ден.