Протест на опозицијата пред градското собрание на Тирана

од Илинка Илиоска
20 прегледи

Опозицијата во Албанија денеска на пладне одржа последователен протест пред градското собрание на Тирана.

Како и на изминатите десетина протести, беше побарано  градоначалникот Ерион Велиај да си замине од функцијата по обелоденувањето на досието „5Д“.

Граѓаните се собраа пред зградата, околу која имаше полициски кордон, а во близина имаше и други полициски сили.

За разлика од другите протести, немаше тензии, ниту палење гуми или фрлање молотови коктели во правец на зградата. Единствено, покрај неколкуте говори, полни со обвинувања за корупција, на адреса на градоначалникот Велиај и владата на премиерот Еди Рама, учесниците во протестот фрлаа јајца кон општинската зграда.

Слични содржини