Пред Уставниот суд во Тирана, кој денеска го разгледува договорот со Италија за мигрантите, се одржува протест, на кој учеснците порачаа „стоп за договорот“.
-Народ на бегалци, бегалски камп. Стоп за овој договор, престанете со пропагандата, извикуваа учесниците во протестот, претежно млади.
Преиспитувањето на уставноста на договорот од Уставниот суд побараа 30 пратеници од опозицијата, од групата на Сали Бериша и Газменд Барди, кои бараат поништување на договорот, оценувајќи дека се прекршени сите закони и оти претставува опасност по националната безбедност.
Највисоката судска институција по доставеното барање, во декември ја суспендираше ратификацијата на договорот во Законодавниот дом, кој истиот го имаше ставено на дневен ред, а на 18-ти овој месец расправата ја закажа за денеска. И тогаш пред судот протестираше поголема група млади од Лежа, на чија територија, треба да бидат изградени прифатните центри.
Договорот, што на почетокот на 6 ноември во Рим го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони предвидува изградба на центри за мигранти во пристанишниот град Шнѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена, воена база, во кои треба да се сместуват најмалку три илјади бегалци месечно, односно 36 илјади годишно, кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанскиот брег.
Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.
Долниот дом на италијанскиот Парламент на 24 месецов го ратификуваше договорот, кој треба да го одобри италијанскиот Сенат.