20
Граѓани попладнево се собраа пред зградата на Владата на Црна Гора, на протест поради реакцијата на властите на трагедијата што се случи на 1 јануари во Цетиње.
Појавувањето на десетици полицајци пред зградата на Владата во еден момент ги револтираше граѓаните кои почнаа да ги прозиваат и да прашуваат „каде бевте на 1-ви јануари“?
Граѓаните носеа транспаренти на кои пишува: „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е скапан“ и „12 минути молк“.