Десетици жени се собраа денес пред Универзитетот во Кабул за да протестираат против одлуката на талибанските власти да им забранат на жените да студираат.
Како што јави Ројтерс, околу 50 жени протестираа, држејќи транспаренти со порака „Образованието е наше право, универзитетот треба да се отвори“.
Претходниот ден протестираа и студенти од Универзитетот Нангахар, а машките студенти ја покажаа својата поддршка со откажување од испитите, бидејќи на нивните колешки не им беше дозволено да полагаат.
Талибанските власти во земјата претходно оваа недела им наредија на жените ширум земјата да престанат да посетуваат приватни и јавни универзитети, што стапи веднаш на сила и ќе трае на неодредено време.
На жените претходно им беше забранет влез во спортски сали и јавни паркови.