Протести и апсења во Русија откако Путин нареди делумна мобилизација (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
183 прегледи

Во Русија утринава почнаа првите протести против мобилизацијата која ја нареди претседателот Владимир Путин.

На социјалните мрежи се шират снимки од граѓани кои протестираат на истокот на земјата – во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

Каде и да се појават демонстранти, заедно со редовната полиција, има и интервентна полиција, со шлемови на главите, која апси луѓе влечејќи ги, поточно тргајќи ги од улиците.

Се појавија видеа на кои се гледаат првите апсења, а веќе се споменуваат десетици приведени. Најмалку дванаесет лица се приведени во Иркутск.

На видеата се гледа како полицијата при апсењето фрла на земја дел од демонстрантите.

– Не треба да умирате за Путин. Потребен си во Русија на оние кои те сакаат. За властите вие ​​сте само топовско месо и ќе бидете потрошени без никаква смисла и цел, им порачале организаторите на протестите на полицајците.