Протести и блокади од Независниот синдикат на полицијата

од desk4
98 прегледи

Членови на Независниот синдикат составен од вработени во полицијата, шумската полиција, како и судската и затворска полиција од утринава се на протест во сите градови во земјата, а генералниот протест ќе се одржи пред Владата, каде ќе бидат испорачани нивните барања.

Синдикатот кој има поддршка од претставници од Србија, Романија, Бугарија и Словенија, бара подобри услови за работа за припадниците на полицијата.

Поради протестот, голем број сообраќајници во Скопје и ширум земјата се блокирани.

Слични содржини