Протести во Истанбул: „Ердоган ќе си замине“

од Stefanija Kuzmanovska

Турската полиција се судри со демонстрантите во близина на главниот плоштад во Истанбул, Таксим, по повод годишнината од антивладините демонстрации пред девет години и приведе 170 лица.

Околу илјада луѓе во близина на плоштадот Таксим носеа слики од осудените на затворски казни, а толпата што се упати кон плоштадот Таксим беше блокирана од полицијата која носеше штитови и фрлаше солзавец, пренесе „Ројтерс“.

„Ердоган ќе си замине. Нема друго решение“, скандираа демонстрантите.

Слични содржини