267
Во Албанија регистрирана е првата жртва од високите температури, кои во одделни места достигнува до 40 степени. Според медиумите станува збор за 80-годишен старец кој вчера попладне бил пронајден без знаци на живот кај магистралниот пат Росковец-Берат.
Во меѓувреме во земјата расте бројот на пожари. Моментно пожар од поголеми размери има над селото Машкулоре, кај јужниот град Ѓирокастро.
Пламените јазици кои траат со часови се лоцирани на оддалеченост од речиси 500 метри од населена зона. Најавено е негово гаснење од воздух.