Пуџдемон ја напуштил Шпанија и отпатувал за Ватерло, тврди секретарот на неговата партија

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон помина две ноќи во Барселона пред вчерашното кусо појавување на Триумфалната капија во Барселона, за радио RAC1 изјави генералниот секретар на партијата „Заедно за Каталонија“, Жорди Турул, пишува шпанскиот весник „Мундо“.

Според Турул, Пуџдемон во вторникот вечерал во каталонската престолнина, во средата цел ден го минал во градот, а вчераутро се појави пред своите поддржувачи и по само неколку минути исчезна од погледите на илјадници луѓе, новинари и полицајци.

Каталонскиот политичар додаде дека самиот го придружувал Пуџдемон од вторникот вечерта додека вчера, додека не ја минал границата од Шпанија во јужна Франција, каде што се збогувале. Турул изјави дека поранешниот каталонски лидер потоа заминал во белгискиот град Ватерло, иако, додаде, не знае дали веќе пристигнал.

Дека политичарот ја напуштил Шпанија потврди и адвокатот на Пучдемон на радио, но не кажа каде се наоѓа сега.

Пуџдемон првично планираше да присуствува на седницата на каталонскиот Парламент на која беше потврден Салвадор Ила, сојузник на шпанскиот премиер Педро Санчез, за ​​шеф на каталонската Влада. Од безбедносни причини, меѓутоа, наместо да се пресели од местото на неговиот митинг кон парламентот, Пучдемон влегол во автомобил и избегал.

Турул беше затворен од 2018 до 2021 година под обвинение за бунт и антидржавни активности во врска со неуспешниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година, но беше помилуван од шпанската Влада.

И покрај законот за амнестија наметнат од Санчез во замена за поддршка за „Заедно за Каталонија“, партијата на Пуџдемонт, шпанската правда сè уште го бара поранешниот каталонски лидер.

Врховниот суд на Шпанија на 1 јули одлучи дека законот не го ослободува сепаратистичкиот водач од некои од извршените злосторства.

Слични содржини