Пукање во фабрика на „Мерцедес“, загина едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а друго е повредено во пукање во фабриката на „Мерцедес Бенц“ во јужна Германија, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на германски медиуми.

Спасувачките работници се на местото на настанот во фабриката 56 во Синделфинген, која ја склопува класата S, пишува весникот „Билд“.

Според извештајот на германскиот весник кој се повикува на полицијата, осомничениот бил приведен по пукањето во фабриката.

Слични содржини