Пукање во училиште во Сараево, ранет ученик

од Milan1
11 прегледи

Во 8 часот утринава еден ученик е ранет во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево.

„Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник повредил во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на КС, пренесува „Н1“

Повредениот малолетник е пренесен во болница каде се утврдува тежината на повредите, додека напаѓачот е под контрола на полицијата.

Слични содржини