Путин: Ајде да го гледаме конфликтот меѓу Иран и Израел за нешто од минатото

од Milan1
16 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток се смирува и дека конфликтот меѓу Иран и Израел е минато.

„Сега ситуацијата на Блискиот Исток се смирува, исто и конфликтот меѓу Израел и Иран е, фала му на Бога. Да го сметаме за минато“, рече Путин на пленарната сесија на Евроазискиот економски форум (ЕАЕУ) во Минск.

Тој изјави дека ЕАЕУ е отворена за соработка со сите заинтересирани партнери.

„Нашето здружение е секогаш отворено за соработка со сите заинтересирани странски партнери. Активно се развиваат меѓусебно корисни врски со земјите од Евроазија, Африка, Латинска Америка, се зајакнуваат контактите со мултилатералните структури… тоа се БРИКС, ЗНД, ШОС, АСЕАН, Африканската унија и други“, рече Путин.

Минск годинава претседава со ЕАЕУ (во која се вклучени Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан). Евроазискиот економски форум, кој се совпаѓа со состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, се одржува во Минск од 26 до 27 јуни, јавува Танјуг.

Слични содржини