186
Рускиот претседател, Владимир Путин, одржа говор на денешниот „патриотски собир“ на стадионот „Лужники“ во Москва во пресрет на утрешниот национален празник Денот на бранителот на татковината и повика на единство на рускиот народ и поддршка на т.н. специјална воена операција во Украина.
„Во моментов, на нашите историски граници се води битка за нашиот народ, ја водат храбрите борци кои сега стојат до нас“, рече Путин, ракувајќи се со војниците кои стојат на бината, известува РИА Новости.
Рускиот претседател изјави дека оние кои ја поддржуваат „специјалната воена операција“, имено медицинските работници, вработените во одбранбените компании, транспортот, како и децата кои пишуваат писма до борците, се бранители на татковината.