Рускиот претседател Владимир Путин постојано дава изјави дека Русија е светски лидер во хиперсонични ракети, најсовремено оружје способно да носи товар и до 10 пати поголема од брзината на звукот.
Рускиот научник Александар Куранов (76), кој работел на хиперсонични технологии, денеска судот во Санкт Петербург го осуди на седум години затвор за предавство откако беше обвинет за оддавање државни тајни на странски државјани. Судот најави дека Куранов ќе биде испратен во строго безбеден затвор и казнет со 1.000 долари.
Куранов е обвинет дека на странски државјанин му дал тајни информации за истражување на хиперсонична технологија, пренесе Интерфакс. Куранов, во времето на неговото апсење во 2021 година, беше генерален директор на компанија од Санкт Петербург која истражува хиперсонични технологии и ја надгледуваше работата на новата верзија на хиперсоничен авион од советската ера.
Во април Украина објави дека Русија употребила пет хиперсонични ракети „циркон“ во нападите врз Киев од почетокот на годината.
Инаку, руската амбасада во Берлин добила известување дека учеството на руски претставници на прославите по повод годишнината од ослободувањето на германските концентрациони логори е непожелно, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.