Путин го испраќа главниот разузнавач, Патрушев на Балканот

од Milan1
634 прегледи

Додека сите очи се насочени кон Украина и можна руска инвазија на таа земја, а рускиот претседател Владимир Путин го испраќа главниот разузнавач Николај Патрушев на Балканот каде што Москва се обидува да го задржи своето влијание, пред сѐ преку нејзиниот сојузник Србија, пишува американската новинска агенција „АП“.

Српските провладини медиуми вчера објавија дека секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, на 28 февруари во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Официјална Москва не го коментираше ваквиот навод.

Официјални лица од Албанија, БиХ и Косово ги отфрлија обвинувањата дека борците од тие територии одат како платеници во Украина, на чија страна се борат против проруските сепаратисти. Најавено е дека на средбата Вучиќ и Патрушев ќе се разговара за наводите кои претходно ги изнесе министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Според АП, за ова било разговарано и на вчерашната седница на Советот за безбедност со која претседаваше Вучиќ.

Порано имаше Срби на фронтот во Украина, но на проруска страна. Србија официјално прогласи неутралност во тензиите во источна Украина. Сепак, српските медиуми под контрола на државата директно ја поддржуваат Москва во кризата, „пренесувајќи ја руската пропаганда без никакви оградувања“, објави АП.

Вучиќ во понеделникот свика состанок на највисоките безбедносни функционери на Србија, кои, наводно, разговарале и за извештаите за „платеници“ од Балканот кои оделе во Украина. Десетици српски борци во минатото се бореле во источна Украина, но на страната на проруските бунтовници.

Србија официјално прогласи неутралност во судирот меѓу Русија и Украина што се заканува со голема војна во Европа.

Иако формално бара членство во Европската унија, Србија одби да ја усогласи својата надворешна политика со 27-члениот блок и наместо тоа ги зајакна своите политички, економски и воени врски со Русија и Кина.

Вучиќ, кој се соочува со општи избори на 3 април, ја отвори својата кампања изминатиот викенд со изјавата дека додека тој е на власт, Србија никогаш нема да влезе во НАТО и дека ќе ги задржи своите блиски врски со Москва и Пекинг.

Слични содржини