180
Рускиот претседател, Владимир Путин го укина указот од 2012 година со кој делумно се поддржуваше молдавскиот суверенитет при одлучувањето за иднината на Придњестровље, сепаратистички регион што граничи со Украина, каде што Русија има стационирани војници.
Указот, кој беше укинат вчера, е олицетворение на руската надворешна политика пред 11 години, што подразбираше поблиски односи меѓу Москва и Европската унија и САД, пренесува Ројтерс.
Наредбата за откажување на документот од 2012 година беше објавена на веб-страницата на Кремљ, во која се наведува дека одлуката е донесена со цел да се „обезбедат националните интереси на Русија во врска со длабоките промени што се случуваат во меѓународните односи“.