Путин и Асад се сретнаа во Москва

од Илинка Илиоска
145 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го прими сирискиот колега Башар ал Асад, соопшти денеска Кремљ.

– Многу ме интересира вашето мислење за тоа како се развива ситуацијата во регионот. За жал, постои тенденција на ескалација, тоа го гледаме. Тоа, исто така, директно се однесува и на Сирија, истакна Путин.

Путин и Асад претходно се сретнаа во март 2023 година во Москва на 12-годишнината од бунтот во Сирија што прерасна во граѓанска војна.

На таа средба Путин ја истакна улогата на руската армија во стабилизирањето на таа земја.

Русија, сојузник со Иран, води воена операција во Сирија од септември 2015 година за да ѝ помогне на владата на Асад во борбата против вооружените опозициски групи и да ја врати контролата врз поголем дел од земјата.

Иако најголемиот воен фокус на Русија во моментов е на Украина, таа сè уште е присутна во Сирија и има војници во своите бази таму.

„Имајќи ги предвид сите настани што се случуваат денес во светот и во евроазискиот регион, нашата денешна средба изгледа многу важна“, му рекол Асад на Путин преку рускиот преведувач.

Слични содржини