Путин ќе биде одговорен за воените злосторства во Украина, вели заменикот на Џонсон

од Milan1
227 прегледи

Британскиот вицепремиер Доминик Рааб предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ќе сноси одговорност во случај на воени злосторства во Украина.

„Јасно е дека и Путин и командантите во Москва, на теренот во Украина, ќе одговараат за секое прекршување на законите на војната“, изјави за SkyNews Доминик Раб, кој е и министер за правда.

Ние нема да го свртиме погледот“, додаде тој.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, Карим Кан изјави дека ќе биде покрената истрага за можни воени злосторства извршени од Русија во Украина.
Зборувајќи за Владимир Путин, неговите генерали и руски војници во Украина, Доминик Рааб за Би-Би-Си изјави дека постои „реален ризик да заврши на столчињата за обвинети во Хашкиот суд“.

Тој нагласи дека е уверен дека доколку МКС одлучи да дејствува, „Британија и нејзините сојузници ќе ја дадат својата практична и логистичка поддршка“.

Слични содржини