175
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва „ќе стори се за да најде компромис” и да стави крај на украинската криза, но дека ќе продолжи да бара од Западот да одговори на главните безбедносни барања на Русија.
„Од наша страна, ќе направиме се за да најдеме компромиси кои можат да ги задоволат сите”, рече Путин, додавајќи дека ниту тој ниту Макрон не сакаат војна меѓу Русија и НАТО, која „нема да има победник”. Треба да најдеме решение за да излеземе од оваа ситуација”, рече Путин на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.