Путин ќе ја посети Северна Кореја по обвинувањата за снабдување на Русија со муниција за Украина

од Илинка Илиоска
226 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Северна Кореја на 18 и 19 јуни, соопшти денеска Кремљ.

Северна Кореја е обвинета за снабдување на Москва со муниција за нејзината офанзива во Украина.

Путин ќе патува на покана на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се вели во соопштението на Кремљ, опишувајќи ја посетата како пријателска.

По посетата на Северна Кореја, Путин на 19 и 20 јуни ќе го посети и Виетнам.

Посетата на Путин на Виетнам уследи по одлуката на таа земја да не испрати свој претставник на самитот во Украина во Швајцарија викендов, туку да испрати заменик-министер за надворешни работи на состанокот на групата БРИКС во Русија претходно оваа недела.

Слични содржини