Путин: Мора да се спречи влегување на субверзивни групи од Украина во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од Федералната служба за безбедност (ФСБ) да ги засили своите акции во врска со разузнавачките активности на Украина и Западот против Русија.

Во говорот пред претставници на ФСБ, Путин рече дека агенцијата мора да ги спречи субверзивните групи да влегуваат во Русија од Украина, да ја зајакне заштитата на клучната инфраструктура и да ги спречи обидите на западните безбедносни служби да ги оживеат терористичките ќелии на руска територија, објави „Ројтерс“.

Слични содржини