Путин: Москва беше принудена да одговори на украинските напади

од Симе Стоиков
405 прегледи

Москва беше принудена да одговори на украинските напади врз руските енергетски капацитети, но се воздржа од такви напади во текот на зимскиот период, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

-За жал, во последно време видовме серија напади врз нашите енергетски капацитети и бевме принудени да одговориме.

Од хуманитарни причини не извршивме никакви напади во зима, имајќи предвид дека не сакавме да ги оставиме социјалните институции, болниците и слични објекти без струја, но по нападот на нашите енергетски објекти бевме принудени да одговориме, кажа Путин.

Како што е познато денес и утре во официјална посета на Русија е Александар Лукашенко, претседателот на соседна Белорусија.

Слични содржини