Путин: На Русија не и е грижа кој ќе победи на американските избори

од Milan1
318 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден е предвидлив политичар од старата школа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во разговор со уредниците на светските медиуми на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

На Русија, како што истакна, не и е грижа кој ќе победи на американските избори – ќе соработува со кој и да биде избран од американскиот народ.

„Никогаш не сме се мешале во внатрешните политички процеси на САД и нема да се мешаме“, рече тој.

Путин ја нарече глупост приказната дека Доналд Трамп е руски шпион.

Никој во САД не е заинтересиран за Украина, нив ги интересира сопствената големина и лидерство, истакна Путин, одговарајќи на прашање на новинар на Ројтерс.

Како што истакна, можна е промена на американската политика кон Руската Федерација и Украина, доколку по изборите САД размислуваат за зајакнување на земјата, а не за хегемонија.

Слични содржини