Путин најави историски преседан, Калас реагираше: „Не би се осмелил…“

од Nikola Popovski
324 прегледи

Високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас, смета дека шансите за одржување на руско-украинските мировни преговори, закажани за четврток, се исклучително мали и дека нивниот неуспех е многу веројатен.

Зборувајќи на Самитот за демократија во Копенхаген во вторникот, Калас рече дека не верува оти вистинска средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи оваа недела.

„Иако претседателот Зеленски донесе правилна одлука прифаќајќи ја поканата на Путин за состанок во Турција во четврток, големото прашање е дали Путин навистина ќе се појави таму и ќе седне на иста маса со Зеленски“, рекла Калас, како што објави Политико.

Таа додала дека поддржува секаков обид за директен дијалог меѓу двајцата лидери: „Мислам дека е добар потег – ако има средба. Верувам дека треба да биде средба меѓу самиот Зеленски и Путин, но не мислам дека Путин се осмелува. Така претпоставувам“, кажала Калас.

Повеќе од три години по почетокот на тоталната руска инвазија на Украина, Путин оваа недела му понуди на Зеленски директни разговори, „без никакви предуслови“. Зеленски одговори сметајќи ја понудата на Путин за блеф, но додаде дека Украина е сè уште подготвена за мировни преговори – под услов Кремљ да прифати 30-дневен прекин на огнот. Тој предлог беше поднесен од Соединетите Американски Држави пред два месеци.

Иако се чини малку веројатно дека Русија ќе прифати привремен прекин на огнот, Зеленски сепак би можел да се појави на закажаните разговори.

„Она што Американците се обидуваат да го направат е да го држат дипломатскиот канал отворен, со надеж дека Русија сепак ќе се согласи да седне на преговарачка маса. Можеби тоа е причината зошто досега не извршија преголем притисок врз Москва. Но, сега поминаа повеќе од 60 дена и време е да видиме конкретни чекори за конечно да го видиме Путин на таа маса“, посочила Калас.

Поранешната естонска премиерка, исто така, истакна дека одлуките за Украина не смеат да се донесуваат без присуство и согласност на самата Украина.

„Ако бидеме сведоци на ситуација во која Русија и САД се согласуваат за решенија што се целосно неприфатливи за Украина или за Европа, впрочем – тогаш таквите договори едноставно не можат да опстанат односно не можат да оживеат“, заклучила Калас.

Слични содржини