Путин: НАТО веќе предизвика војна во Југославија, не сакаме тоа да се повтори

од Milan1
722 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, по што на прес-конференција изјави дека Русија не сака војна со Украина.

„Кога станува збор за војната во Европа, тешко е да се замисли дека тоа навистина ќе се случи. Сведоци сме на многу војни во Европа иницирани од НАТО, како онаа во Југославија. Тоа беше огромна операција со проектили што го рани Белград. Тоа е главен град кој се наоѓа во Европа, тоа е многу лош пример“, рече Путин на прашањето на новинарите за потенцијална инвазија на Украина.

Рускиот претседател истакна дека тричасовниот разговор со неговиот германски колега бил добар, и дека ќе ја продолжи соработката и во наредниот период.

Зборувајќи за безбедносните гаранции кои Русија ги бара од Западот, Путин посочи дека Москва не може да замижува пред тоа како САД и НАТО го толкуваат принципот на неделива безбедност во нивна полза. Како што наведе, Москва го доживува насилното ограничување на Русија од страна на Западот како закана за безбедноста на земјата.

Слични содржини