„Некои луѓе заборавиле што се случи со Наполеон“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, eден ден откако неговиот француски колега Емануел Макрон ја нарече Москва закана за Европа и зборуваше за заштита на другите европски земји со францускиот воен арсенал.
Францускиот император бил запрен во неговото освојување на Русија по влегувањето во Москва во 1812 година, но потоа бил принуден да се повлече во текот на суровата зима и со огромни загуби на животи.
„Сè уште има такви кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како тоа заврши“, рече Путин во телевизиско обраќање, без директно да го спомене Макрон.
Путин рече дека Русија сака мир во Украина што ќе ја обезбеди нејзината долгорочна безбедност и развој.
„Мораме да избереме мировна опција која ни одговара и која ќе обезбеди мир за нашата земја долго време“, им порача рускиот претседател на жените кои ги загубија членови од своите семејството во војната во Украина.
„Ништо туѓо не ни треба, но не го даваме ни тоа што е наше“, изјави Путин.
На прашањето на мајката на паднатиот војник дали Русија ќе се повлече, Путин одговори дека нема таква намера.