74
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека фактот што Западот „слепо верува во сопствената неказнивост“ се заканува да стане трагедија и дека повиците на некои странски политичари да ја поразат Русија го покажуваат нивниот „екстремен авантуризам“.
На пленарната седница на меѓународниот клуб за дискусија „Валдеј“ во Сочи, Путин нагласи дека никој не може да гарантира дека Западот нема да употреби нуклеарно оружје.
Тој нагласи дека колективниот Запад се обидел да ја отфрли Русија од светскиот економски и политички систем со воведување санкции, но дека тие „немале ефект“, пренесува РИА Новости.