Путин: Проширувањето на НАТО на исток е бесконечно и многу опасно

од Milan1
246 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека проширувањето на НАТО на исток е „бесконечно и многу опасно“.

На почетокот на денешната средба со Лавров, Путин рече дека руското МНР треба да ги изнесе своите ставови за одговорите што Русија ги добила на предлозите испратени до американските колеги во Вашингтон и колегите од НАТО во Брисел, а кои се однесуваат на безбедносните прашања во Европа. пренесува ТАСС.

Путин побара и мислење од Министерството за надворешни работи на Русија за одговорите на Западот на загриженоста на Русија во врска со „бескрајното и многу опасно проширување на НАТО на исток“ на сметка на поранешните републики на Советскиот Сојуз, вклучително и Украина.