Рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека предуслов за решавање на бегалската криза во Европа е уништувањето на тероризмот.

4-orban-putin-epa-01_4966ea81ac

За да се реши проблемот со мигрантите во ЕУ, мора да се уништи тероризмот. Причините за сегашниот проблем со мигрантите се вкоренети во дестабилизација на земјите во цели региони на светот – Северна Африка, Авганистан, други земји, изјави Путин по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Ново Огарово.

Неопходно е да се врати државноста, економијата, социјалната сфера во овие земји, за да можат луѓето да живеат во својата земја или да се вратат таму, додаде Путин.

За тоа е потребно создавање на потребните услови, пред се уништувањето на тероризмот. Тоа е задача број еден, посочи рускиот претседател.

orban-putin-hungar_3203042b

Путин рече дека му се допаѓа позицијата на Унгарија кон бегалците. Претседателот додаде дека миграциската криза е внатрешен проблем на ЕУ, во кој Русија не се меша.

„Но позицијата на Унгарија и на нејзиниот премиер (Виктор Орбан), која се изразува во опстојуваме на европскиот идентитет, идентитетот на својата земја и својот народ, на нас ни се допаѓа“, рече рускиот претседател.

Виктор Орбан од своја страна изјави дека високо ги цени активностите на Русија во Блискиот Исток по прашањето за решавање на проблемот со бегалците.

Говорејќи за односите на Русија со ЕУ како целина, Путин изрази уверување дека порано или подоцна тие ќе се нормализираат.

Орбан вели дека времето на автоматското продолжување на санкциите против Русија веќе е минато.

„Мислам дека во средината на оваа година, нема да има можност за автоматско продолжување на санкциите од страна на ЕУ. Сите (во ЕУ) почнуваат да разбираат дека е потребна соработка. Сметам дека ние ќе соработуваме“, изјави Орбан.

Слични содржини