84
Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани изјави дека Русија е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за зачувување на суверенитетот на Сирија.
„Би сакале да сториме се за Сирија, пред сè, да остане суверена, независна и територијално интегрална држава“, рече Путин, пренесе „Известија“.
Според него, Русија исто така е подготвена да му пружи помош на сирискиот народ, вклучително и хуманитарна помош.
Путин смета дека во Сирија има многу проблеми, политички, безбедносни и економски проблеми, пренесе „Известија“.
Катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани е во официјална посета на Русија.