Путин: Русија се противи на „американските провокации“ во Тајванскиот теснец

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му пренесе на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Москва ја поддржува политиката на „една Кина“ и го цени балансираниот став на Пекинг во прашање за Украина.

За време на состанокот со Си на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан, Путин рече дека Русија се противи на „американските провокации“ во Тајванскиот теснец, пренесува „Ројтерс“.

Путин наведува дека обидите за создавање „еднополарен свет“ се неприфатливи за повеќето земји.