Руската армија има оружје на кое му нема рамно во светот, порача рускиот претседател Владимир Путин во честитката по повод Денот на бранителите на татковината, пренесува „Спутник“.
„Обезбедувањето на одбранбената способност на нашата земја останува најважната државна задача, а вооружените сили служат како сигурна гаранција за националната безбедност, мирниот и спокоен живот на нашите граѓани, стабилен и прогресивен развој на Русија“, истакна рече Путин.
Тој посочи дека во земјата во последните години е направено многу во однос на квалитетната модернизација на вооружените сили кои станаа помобилни и стекнаа ново борбено искуство.
„Оружјето на кое не му е рамно во светот е ставено на борбена задача. Ќе продолжиме да развиваме перспективни системи за оружје, вклучително хиперсонично и оружје засновано на нови физички принципи, за да ја прошириме употребата на напредни дигитални технологии и елементи на вештачка интелигенција. „Ваквите системи се навистина оружјето на иднината што значително го зголемува борбениот потенцијал на нашите вооружени сили“ истакна Путин.