100
Рускиот претседател Владимир Путин го прифатил предлогот на руското Министерство за надворешни работи за потпишување договор за стратешко партнерство со Иран.
Информацијата ја пренесе „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на „наредба на Путин објавена на државната веб-страница“.
Во документот се наведува дека потпишувањето на таков договор би било „целисходно“, но не се прецизира кога би можел да биде потпишан.