Путин со Советот за безбедност договара одговор за САД

251 прегледи

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членки на Рускиот совет за безбедност беше посветена на реципрочен одговор на новите американски санкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Имаше разговори за мерки што ќе бидат одговор на американските санкции што и беа воведени на нашата земја ден претходно, а претседателот исто така ги информираше присутните за неговите меѓународни телефонски контакти оваа недела“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Претходно, официјален Кремљ потврди дека принципот на реципроцитет останува основа за одговор на Москва на санкциите наметнати од САД кон Русија, но дека конечната одлука ќе ја донесе претседателот Путин.

Слични содржини