Путин: Светот се приближи до точката од која нема враќање

од Milan1
1,7K прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека светот се приближил до точката од која нема враќање и дека НАТО се обидува да го зголеми притисокот врз оние земји чиј развој се обидува да го заузда, пренесуваат руските медиуми.

„Себичноста и ароганцијата на западните земји доведоа до сегашната состојба, светот се приближи до точката од која нема враќање“, рече Путин во обраќањето до раководството на руското Министерство за надворешни работи.

Тој исто така смета дека евроатлантскиот безбедносен систем ќе пропадне и дека ќе треба да се создаде нов, пренесува РИА Новости.

Слични содржини