Путин: Во борбените единици се мобилизирани 50.000 војници

од Destan Jonuzi
205 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 50 илјади мобилизирани војници се распоредени во борбените единици во Украина, објави агенцијата Интерфакс.

Тој додаде дека 80.000 од нив се „во зоната за специјални воени операции“, а 320.000 се во кампови за обука во Русија.

„Во моментов има 50.000 од нив во нивните борбени единици. Останатите се уште не учествуваат во борбите“, рече Путин за време на посетата на регионот Твер во близина на Москва. Во септември, Путин нареди „делумна мобилизација“ со цел да се испратат стотици илјади нови борци во војната, откако Украина зазеде големи делови од земјата во контраофанзивата.

Мобилизацијата предизвика егзодус на стотици илјади Руси и протести низ целата земја. Путин минатата недела изјави дека поканите ги добиле 318.000 граѓани.

Слични содржини