За Русија нема непријателски земји, но има непријателски елити во одредени земји, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средбата со културните работници во регионот Твер.
– Има многу достигнувања, дури и меѓу оние земји кои денес ги нарекуваме непријателски. Иако немаме непријателски земји, имаме непријателски елити во тие земји – рече тој.
Рускиот лидер додаде дека има многу добро во европската култура, но дека во моментов има и многу проблеми во животот на овие земји.
Путин го започна своето прво регионално патување по изборите, пристигнувајќи во градот Торжок, тверската област, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Посетата на Путин е поврзана со Денот на културните работници, кој се одбележува ден претходно. Претседателот ја започна посетата на Торжок од изложбениот комплекс „Музејски редови“ на Серускиот историски и етнографски музеј – рече Песков.