Путин: Западот е царство на лаги

од Milan1
313 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин го нарече Западот „царството на лагите“, за време на разговорите за економијата со високи функционери, што се одржаа по воведувањето на повеќекратните санкции против Русија, објави Кремљ.

„Премиерот Михаил Мишустин и јас разговаравме на оваа тема, секако имајќи ги предвид санкциите што таканаречената западна заедница, односно царството на лагите се обидува да ги наметне“, рече Путин.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не отпатува за Женева како што беше планирано.

Руската амбасада во Швајцарија соопшти дека посетата е откажана бидејќи многу земји ги блокирале воздушните линии кон Русија.

Изворот наведува дека Лавров најверојатно ќе се обрати на мисијата од далечина.

Слични содржини