21
Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада.
Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).
Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.
Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.