Радев: Можеме да го изгубиме суверенитетот над воздушниот простор поради САД

од Nikola Popovski

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека одложувањето на испораката на американските авиони Ф-16 ја загрозува безбедноста на земјата. Тој објасни дека Бугарија затоа може да ја изгуби можноста сама да го заштити својот воздушен простор.

Според него, тензиите меѓу Русија, Украина и НАТО претставуваат закана не само за Бугарија и регионот, туку и за цела Европа.

„Бугарија е дел од напорите насочени кон намалување на тензиите. Сите ние мора да работиме за да избегнеме воен одговор на оваа криза“, рече тој.

Тој вели дека главната закана на Бугарија за националната безбедност на Бугарија е занемарувањето на проблемите на вооружените сили.

-Мора еднаш засекогаш да прекинеме со ваквиот став, истакна Радев за бугарска „Нова“, додавајќи дека задачите за модернизација на армијата не се ограничени само на еднократна набавка на нова опрема.

Истовремено, тој предупреди дека доцнењето со испораките на американските авиони Ф-16 ја загрозува безбедноста на Бугарија.

„Веќе има информации дека испораките ќе доцнат, и тоа сосема малку. Ова е причина за загриженост ако зборуваме за нашите вооружени сили. Тоа нема да биде само тест за армијата, туку создава и закана дека Бугарија може да го загуби својот суверенитет над воздушниот простор и способноста самостојно да го заштити својот воздушен простор, кој е и простор на НАТО“, рече Радев пред новинарите.

Слични содржини