Адвокатот Насер Рафуи во емисијата „24 анализа“ на Тв24 меѓудругото изјави дека обвинителот Абази е моќна фигура. Според него, се работи за искусен обвинител.
– Го познавам обвинителот и другите кандидати што беа на изборот и тој не е од вчера, туку е обвинител 12 години во ОЈО во Гостивар и беше во Вишото обвинителство. Тој е моќна фигура, шеф на Јавното обвинителство. Тој е искусен кадар и обвинител кој се развивал како што треба во еден правен експерт, истакнал Рауфи.